Во ковид – центрите во Скопје во изминативе 24 часа се хоспитализирани 25 нови пациенти поради компликации од корона вирусот.
Со тоа, вкупно 263 лица се лекуваат на инфективните оддели во главниот град, од вкупно 682 колку што има во целата држава.
Според Министерството за здравство, во последното деноноќие, најмногу нови случаи се примени на интерните клиники – 11 приеми, седум на Инфективна и пет во ковид центарот во ГОБ „8 Септември“, додека 2 пациенти во Козле.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 11 оздравени пациенти.
Според статистиката, во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 22 пациенти, на Клиниката за неврологија 27, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 38 пациенти со симптоми на корона вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 79 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 86 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 16 пациенти. На ГАК има 5 хоспитализирани ковид позитивни пациентки.