Во изминатите 24 часа во ковид -центрите во Скопје се хоспитализирани 31 нов пациент поради компликации од корона вирусот. Со тоа, вкупно 436 лица сомнителни и потврдени за ковид -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.
Во последното деноноќие, најмногу приеми имало на Интерните клиники- 23, потоа во ковид – центарот во ГОБ „8 Септември“ – 6 и 2 на Инфективната клиника.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 28 оздравени пациенти.
Поради зголемениот број на пациенти кои имаат потреба од хоспитализација, од викендов отворени се и работат ковид центрите на Клиниката на нефрологија, Клиниката за Гастроентерохепатологија, Клиниката за Очни болести и ковид центарот на Клиниката за уво нос и грло.
Бројката на лица кои се на болничко лекување поради компликации од ковид во целата држава е над илјада.