Состојбата во земјата и регионот е стабилна и дека нема индиции дека би се загрозил нашиот суверенитет, изјави претседателот Стево Пендаровски по денешната седница на Советот за безбедност.
– Главна точка беше политичко-безбедносната состојба во земјата и регионот. Најголемата криза и најголемиот предизвик за нас е пандемијата, бидејќи таа има влијание врз економијата и здравјето, но не очекуваме дека ќе влијае на безбедноста во земјата, изјави Пендаровски.
Тој истакна дека на состанокот разговарале и за 5Г мрежата.
-Втората точка за која дискутиравме на Советот беа безбедносните состојби за воведување на 5Г мрежата кај нас. Заклучивме дека владата и другите организации треба да ги следат препотаките од НАТО. Заклучивме дека МНР треба да подготви меморандум каков што потпишаа и други членки на Алијансата – изјави Пендаровски.
За испратеното писмо до вселенскиот патријарх Вартоломеј тој рече дека „не гледа ништо спорно во тоа“.