Дал на измамници 6.000 евра, му ветиле дека ќе ја спасат ќерка му од затвор

Постар кавадарчанец е нова жртва на измамничка шема во која непознати лица им се јавуваат на граѓаните за да ги информираат дека нивниот близок роднина имал сообраќајна несреќа која може да се „среди“.

Во Полициската станица Кавадарци вчера 69-годишен кавадарчанец пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 6.000 евра.

-Според пријавеното, околу 12.00 часот на домашниот телефон му се јавило лицето и го известило дека неговата ќерка во САД направила сообраќајна незгода во која загинало седумгодишно дете и за да ја спаси да не оди во затвор, му побарало 100.000 долари. Според пријавата, 69-годишникот го известил дека има само 6.000 евра кои треба да ги извади од банкарска сметка. Како што било пријавено, откако ги дал парите, лицето заминало и после тоа не му се јавило, изјавија во СВР Кавадарци.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Претходна вестРеакции на експерти и граѓани: Филипче да го преиспита постојаното носење маски надвор, штетно е!
Следна вестСовет за безбедност: Состојбата во земјата е стабилна, се разговараше и за 5Г мрежата