Реакции на експерти и граѓани: Филипче да го преиспита постојаното носење маски надвор, штетно е!

Вчерашната најава на министерот за здравство Венко Филипче дека се размилува за можност да се воведе обврска заштитни маски да се носат и на отворен простор, дури и кога граѓаните се движат сами ја разбранува јавноста. На ова реагираат како медицински експерти така и граѓаните. Инфектологот Вело Марковски вчера изјави дека ова ќе предизвика лоши последици по здравјето на граѓаните.

-Носењето на маски на здрав човек е штетно. Главен одбрамбен механизам кај нас е нормалната флора која ја имаме во устата. Со постојаното носење на маски нашиот организам ќе биде во хипоксија и можно е да се направи промена во таа флора. Голем процент од нас носиме стафилококус ауреус, тоа е една од бактерии која може да ни направи долнореспираторна инфекција која во 20 отсто од случаевите е смртоносна. Организмот во нормална ситуација ја исфрла таа бакерија но сега заради употребата на маска таа може да се врати и тоа е голем ризик. Мислам дека е ова многу лошо решение кое што се предлага, предупреди Марковски.

Граѓаните сега имаат обврска да носат маски во затворените простории, а на јавни места само во стуација кога не може да се обезбеди дистанца од 2,5 метри. Тие му реагираа на министерот Филипче со коментари кои му ги напишаа на профилот на социјалната мрежа Фејсбук.

-Маските не се решение за чистење на вирусот. Скандинавските држави 90 процентно ги исфрлија од употреба маските, бидејќи носат дополнителни здравствени проблеми и со не носење маски они далеку се подобри од состојбата која е имаме во Македонија, напиша Игор М. од Скопје.

И граѓанката Тања Л. порача дека идејата е неприфатлива.

-Тешка глупост ви е идеата да се носат маски задолжително на отворено кога не постојат докази за трансмисија на вирусот на отворено, ако се почитува дистанца! Воведете контрола таму каде што е потребно, како на пример кафани, кафичи, домашни прослави и собиранки наместо да земете да казнувате кај што ви е најлесно, смета таа.

За апсурдноста на најавената мерка се реагира и на сите социјални мрежи. Граѓаните се прашуваат дали во недостиг на идеи и знаење за борба со вирусот, на крајот ќе излезе полицијата да ги лови и планинарите кои сами одат по планинските врвови без маски. Воедно и потсетуваат дека порано им беше виновен министерот Чулев, ама сега го нема, а проблемот уште трае.

Претходна вестГрад Скопје почнува со присилна наплата на данокот на имот и фирмарина
Следна вестДал на измамници 6.000 евра, му ветиле дека ќе ја спасат ќерка му од затвор