-Едно од ветувањата на градоначалникот Петре Шилегов беше дека планирано ќе градел. Епилогот на сето тоа е изгребана улица Васил Ѓоргов, асфалтирана и веднаш потоа повторно раскопана. Уште нестврднат асфалтот, скопјани повторно возат по раскопани улици, соопшти советничка група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје.
Според нив, самиот Шилегов ветуваше дека ќе бидат забранети прекопувања, а сега тој ја прекопува Васил Ѓоргов.
-Нивите на Шилегов направени среде Скопје покажуваат дека не си ги почитува и сопствените ветувања и дека неговата работа се сведува на популистичко асфалтирање и прекопување без нови и крупни проекти.Трета година Шилегов ја замајува јавноста со проекти кои никако да ги почне. Три години нема ниту еден капитален проект за Скопје, ниту еден новоизграден булевар или ново сообраќајно решение, туку шминкерско гребење на асфалт. Скопје нема градоначалник, туку популист, се вели во соопштението.