Советниците од Центар нема да добијат таблет-компјутери, барем засега

Координаторот на советничката група на СДСМ и коалицијата, Јон Фрчкоски, на почетокот на 69-та седница на Советот на општина Центар побара да се повлече од Дневниот ред предлог-одлуката за пренесување во сопственост на таблети на советниците во мандатниот период 2017-2021 година.

-Овој состав на Советот, зборувам во име на нашата советничка група, нема намера да добие во сопственост таблети ниту, пак, некогаш сме побарале такво нешто. Доколку интенцијата на службите на Општината е попис на основни средства или расходување на основни средства поради нивна амортизираност, службите треба истата да ја преработат во соодветна форма со прилог-материјали во однос на тоа за кои се средства се бара отпис, која е нивната вредност и слично, па дури тогаш да ја разгледуваме и да расправаме по истата. Насловот на точката е сосема несоодветен и поради истото сме прозивани во јавноста изминатиот период во сосема погрешен контекст, изјави советникот Фрчкоски.

Тој побара од Секторот за финансии точката да ја предложи во соодветна форма за разгледување онака како што ќе ги изразува сметководствените потреби на општината, без да се ставаат советниците во позиција дека бараат сопственост на амортизираните основни средства, па потоа да се разгледува истата. Расходуваните средства понатаму општината може да ги донира каде што смета дека е потребно.

Градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ, го поддржа предлогот на Фрчкоски, со тоа што побара точката да биде вратена на доработка, исто како и точката за давање на користење на спортските сали на општинските основни училишта на територијата на општина Центар без надоместок на КК „Работнички“ АД Скопје во учебната 2019/2020 година, која исто е вратена на доработка.

Сите овие точки беа ставени на дневен ред на Сооветот на Центар, но граѓанската иницијатива „Шанса за Центар“ реагираше и ги обелодени во јавноста, а Јана Белчева Андреевска најави дека ќе поднесе амандмани.

Но, претходно побараа точките да се повлечат од дневен ред.

Претходна вестПоради уличен дефект Маџир Маало без вода
Следна вестДо кога ќе чекаме да се направи анализа за високата смртност од ковид во Македонија?