Советот на Европа ја потсети Бугарија за националните малцинства

Бугарија да започне дијалог со групите кои изразија интерес за заштитата што ја овозможува Рамковната конвенција за национални малцинства и сите заинтересирани групи да можат да остваруваат слобода на здружување. Од бугарските власти се бара да го овозможат слободното идентификување на лицата од етнички малцинства, што треба строго да се запази на следниот попис на населението во 2021 година. Ова се наведува во извештајот и мислењето на Советодавниот комитет на Советот на Европа за Рамковната конвенција за заштита на националните малцинства објавено денеска, придружено со коментари од Владата на Бугарија.

Препораката за започне дијалог со групите се однесува и на припадниците на македонското малцинство во оваа соседна земја. Ова е нов документ кој укажува на потребата за подобрување на положбата на македонското малцинство во Бугарија, а кој го носи Советот на Европа.

Неодамна Советот на Европа ја предупреди Бугарија дека не може да ги забранува здруженијата на македонското малцинство и ја повика бугарската влада да ги продолжи своите напори за подигање на свеста дека на здруженијата чија цел е да се постигне признавањето на македонското малцинство во Бугарија не треба да им се забранува да се регистрираат поради нивните цели. Тоа е, потенцира Советот, спротивно на пресудите на Европскиот суд во овие случаи, односно дека таквите здруженија не треба да бидат предмет на постапки за распуштање по слична основа.

Во денешниот документот се наведува дека властите треба, во соработка со претставници на националните малцинства, да ги вратат неодамна избришаните имиња на места, барем да бидат ко-официјални имиња заедно со новите бугарски имиња

Претходна вестЌе го снема ли метежот: Улицата „11 Октомври вечерва се отвора за сообраќај
Следна вестПочинале пет пациенти, 177 лица се новозаразени од вирусот