Седница на Советот за безбедност на која ќе се расправа за актуелната состојба со корона вирусот за утре, со почеток во 12 часот е закажана во Кабинетот на претседателот на државата Стево Пендаровски.
На оваа седница е предвидено, покрај членовите на Советот, да присуствува на покана на претседателот Пендаровски, и министерот за здравство, Венко Филипче.
Инаку, синоќа премиерот Зоран Заев најави дека е можно да се разговара за воведување на полициски час кој би започнувал во 17 или во 18 часот, како мерка за намалување на ширењето на корона вирусот.
-Се размислува и за некоја форма на карантин или други рестриктивни мерки. Ги правиме анализите и ќе стигнеме до следните чекори. Мнозинството во комисијата е на ставот дека полициски од 21 часот нема да даде некои резултати, додека ако биде од 17 или од 18 чсот ќе има подобри резултати и сето тоа сега се одмерува и овие денови ќе биде одржан состанок на Советот за безбедност кај претседателот Пендаровски. Можно е таму да се дефинира некоја од мерките, рече премиерот Заев.