Советот за безбедност и предложи на Владата да прогласи кризна состојба од 30 дена во Македонија

Прогласување на кризна состојба на териотријата на целата држава е предлогот кој Советот за безбедност и го дава на Владата. Владата треба да прогласи кризна состојба во траење од 30 дена. Ова пред малку го објави претседателот Стево Пендаровски по денешната седница на Советот.

Претседателот воедно објасни дека со ова не станува збор за полициски час, туку за дополнителни обврски што ги добиваат државните институциите во битката со корона вирусот. Тие дополнителни обврски ќе почнат откако владата ќе прогласи кризна состојба.

На Советот било заклучено дека ситуација во Македонија предизвикана од вирусот е исклучително сериозна. Министерот за здравство Венко Филипче информирал за ресурсите во здравството и за организацијата за справување со пандемијата, додека премиерот Зоран Заев за севкупните активности и за политиките во другите ресори и можните опции.

Покрај редовните членови на Советот премиерот Зоран Заев, претседателот на Собранието Талат Џафери и министрите за одбрана и за надворешни работи Радмила Шекеринска и Бујар Османи, на покана на претседателот Пендаровски присуствуваше и министерот за здравство, Венко Филипче. Министерот за внатрешни работи Оливер Сапсовски не присуствуваше на состанокот.

Претходна вестПриведени четири лица, полицијата им нашла дрога
Следна вестМалолетник повреден од петарда