Спасовски се пофали: Корупцијата е намалена за 22 отсто

Првиот човек на МВР, Оливер Спасовски, зачестено преку Фејсбук ги посочува работењата на министерството кое го раководи. Овој пат тој наведе дека корупцијата во првите шест месеци од годинава во Македонија е намалена за 22 отсто, во споредба со 2022.

Спасовски посочува дека имало 47 кривични дела, кривично пријавени 80 сторители и материјална штета над 92,7 милиони денари

-Злоупотребите на службена положба со коруптивни елементи–26 несовесно работење–девет кривични дела, примање поткуп–шест, давање поткуп–четири, по едно кривично дело перење пари и други приноси од казниво дело, и поттикнување во врска со злоупотреба на службена положба и овластување.

МВР за граѓаните!, напиша министерот на социјалните мрежи.

Претходна вестЛани во САД се самоубиле 49.449 лица
Следна вестВо Грција исчезна македонска државјанка, семејството моли за помош