Во Грција исчезна македонска државјанка, семејството моли за помош

Завчера исчезна 69-годишната Милица Гелова, која била во Грција и требало да стигне на Лефкада. Нејзини блиски на фејсбук објавија дека таа на 9 овој месец со автобусот од Агростоли се упатила до Фискардо, каде што требало да пристигне во 10 часот и да се качи на бродот во 11.30 часот за да пристигне во Василики на Лефкада.

– Таму чекале други луѓе со кои требало да отпатува во Македонија. Милица не стигна ниту со бродот во 13 часот, ниту со следниот во 15.15 часот. Си заминуваш и се губи секаква трага. Со себе имала мобилен телефон, но интернетот не стигнал и бил вклучен, изјавија нејзини блиски, преку социјалната мрежа Фејсбук.

Семејството бара помош од сите кои моментално се во Грција.

Претходна вестСпасовски се пофали: Корупцијата е намалена за 22 отсто
Следна вестЗошто во лето се зголемува бројката на сообраќајни незгоди