Спасовски сега би го поддржал враќањето на парите на граѓаните за менувањето на пасошите

Поранешниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски сега би го поддржал враќањето на парите на граѓаните за менувањето на пасошите. Во интервјуто во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21 тој одговори дека би поддржал таква одлука ако се донесе во новата влада.

-Тој став на Народниот правобранител е одамна искажан, и ако се сеќаваме и опозицијата го делеше тој став, па еве мегдан сега. Ако се договорат, тогаш јас таа одлука да им бидат вратени пари на граѓаните за пасошите, ќе ја поддржам, кажа Спасовски.

Претходно, додека беше министер за внатрешни работи Спасовски беше на ставот дека граѓаните мора да плаќаат за вадење на нови лични документи, па и во случај кога важноста не им е истечена оти такви биле прописите.

Пред три месеци, најавите на власта беа дека размислува да ги врати парите на граѓаните кои ги потрошиле за нови, а имале важечки лични документи.

-Со новиот премиер, на првата седница веднаш се формираше работна група за да се изнајдат решенија. Решенија за кои што има неколку сценарија од можноста државата да компензира за тие кои што имаат важечки пасош а заради Договорот мора да ги сменат, до можноста за реорганизирање на службите. Денеска имаше прв состанок на таа работна група, изјави министерот Бујар Османи во февруари оваа година.

Претходна вестСветите браќа Кирил и Методиј се најголеми благодети за нашиот народ, тие се светилник за сите словенски народи, порача владиката Тимотеј на молебенот во Рим
Следна вестСе преврте трактор – загина возачот во кочанско