Се преврте трактор – загина возачот во кочанско

Едно лице загина во сообраќајна незгода што се случила вчера во кочанско, соопшти полицијата.

МВР информира дека на 23.05.2024 година во 13.29 часот во СВР Штип било пријавено дека на локалниот пат с.Зрновци–с.Мородвис, кочанско, на коловозот се превртел трактор управуван од Е.А.(76) од Охрид, а со престој во с.Мородвис.

-Од здобиените повреди на местото на несреќата починал возачот. Од страна на лекар од Итната медицинска помош била констатирана смрт, се наведува во информацијата.

По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција, а увид извршила увидна екипа од ОВР Кочани.

Претходна вестСпасовски сега би го поддржал враќањето на парите на граѓаните за менувањето на пасошите
Следна вестСилјановска – Давкова: Кирил го вградил не само својот живот, туку и нашиот во Европа и тоа мора да го почитуваме