Силјановска – Давкова: Кирил го вградил не само својот живот, туку и нашиот во Европа и тоа мора да го почитуваме

Кирил бил со векови предвремето, Кирил го вградил не само својот живот, туку и нашиот живот на некој начин во Европа пред многу, многу векови и тоа мора да го почитуваме, изјави денеска претседателката Гордана Силјановска – Давкова по молебенот во чест на Свети Кирил, во базиликата „Свети Климент“ во Рим, каде се наоѓа и гробот на сесловенскиот просветител.

-Тоа мораме да го почитуваме. На Кирил му било јасно значењето на зборот, на речта, на мислата, бидејќи тоа значи обединување, разбирање, слушање говорење, рече Силјановска – Давкова.

Како што јави известувачот на МИА од Рим, Таа нагласи дека пораката на Кирил дека јазикот е код на разбирање е доказ дека тој на ум имал обединување на сеслосвенскиот свет.

-Тие му припаѓаат на него и тој им припаѓа на сите, рече Сиљановска -Давкова по молебенот на кој имаше нашинци од Италија и Австрија, како и македонски верници, кои тука се присутни специјално за одбележувањето на Денот на Светите Кирил и Методи.

Митрополитот Европски, владиката Пимен, кој заедно со митрополитот дебарско-кичевски Тимотеј, го водеше молебенот пред гробот на Сети Кирил, порача дека овој настан се организира по 56 пат и особено е значаен од теолошка смисла за нас.

-Токму тука, каде се почива Свети Кирил е победена тројазичната ерес. Тоа покажало дека на секој јазик може да се слави Господ Бог и со тоа се дава можност секој човек на свој јазик да слушне за Господа и да не биде само пасивен посматрач, туку активено да може да се посвети на службата, рече Пимен.

Тој нагласи дека освен од теолошка страна секако делото на Кирил е значајно за нас како македонски народ, затоа што ни е овозможено да се користиме со кирилицата и затоа што, како што посочи, сме останале посебен дел од сите словенски народи со свој макеодонски литературен јазик, кој не е копија на ниту еден друг.

 

Претходна вестСе преврте трактор – загина возачот во кочанско
Следна вестПолицијата приведе девет лица во Скопје откако им најде марихуана и бела прашкаста материја