Полицијата приведе девет лица во Скопје откако им најде марихуана и бела прашкаста материја

Девет лица се приведени во изминатово деноноќие откако полицијата им пронајде марихуана и бела прашкаста материја. Марихуаната била пронајдена кај шест, а прашкаста материја кај тројца скопјани.

Полицијата соопшти дека ноќеска во 00.10 часот во Градскиот парк во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.Б.(23) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена дробилка и марихуана. Во 01.00 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.Н.(22) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

-Во 02.50 часот во угостителски објект во Градскиот парк во Скопје, полициски службеници го лишиле од слобода К.Л.(31) од с.Волково, скопско, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. Ноќеска на полноќ на подрачјето на општина Аеродром, во близина на угостителски објект полициски службеници го лишиле од слобода П.З.(30) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја, се наведува во соопштението.

Вчера, пак, во Градскиот парк во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Г.Х.Ф.(29) од Република Албанија затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

На подрачјето на Центар бил приведени Д.Б.(29) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја, како и Ж.Ј.(32) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

-Вчера во 22.30 часот на подрачјето на општина Аеродром, во близина на угостителски објект полициски службеници го лишиле од слобода Л.М.(22) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуанам се наведува во информацијата.

По целосно документирање на случаите ќе следува соодветен поднесок.

Претходна вестСилјановска – Давкова: Кирил го вградил не само својот живот, туку и нашиот во Европа и тоа мора да го почитуваме
Следна вест11-годишно момче од Скопје се повредило на справи за вежбање, префрлено во охридската болница