Заканите од страна на ученици во нашите училишта се рефлексија на случувањата во нашето соседство. Станува збор за едно детско невнимателно однесување кое сепак предизвикува реакции, смета министерот за внатрешни работи Оливер Сапсовски.
Тој денеска коментирајќи ги заканувачките пораки на ученици во нашите училишта рече дека за секој еден случај се постапува. Информира дека засега не пронашле сериозност во пораките, но дека превентивно се постапува и се преземаат потребните акции за секој случај.
-За секој случај кој што е идентификуван за секој се реагира, се постапува со социјалните служби, со раководството на училиштата, родителите во истиот момент и засега немаме состојба која укажува на сериозност во намерата да биде преземено било што, меѓутоа превентивно во секој момент кога ќе дознаеме било каква информација веднаш реагираме, изјави Сапсовски.
Испрати апел до родителите и до учениците за сериозно и одговорно однесување, а на раководставта на училиштата им порача да го подигнат степенот на одговорност и внимание.