Спасовски: За три месеци запленети над 400 килограми дрога, ќе се распише оглас за прием на 500 полицајци

Во полициските акции од средината на септември досега запленети се 400 килограми разновидна наркотичка дрога, информираше денеска на прес-конференцијата министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски. Тој додаде дека во овој период просекот на откривачката функција е зголемен за 48 отсто.

-Запленивме над 400 килограми разновидна наркотична дрога, како и 4.544 таблети и 3,5 килограми синтетичка дрога. Откривме 233 кривични дела, а мерки за кривичен прогон се преземени против 267 сторители. Сузбиени се две организирани криминални групи кои биле инволвирани во недозволена трговија со кокаин и марихуана. Во групите членувале 12 луѓе, од кои едниот бил албански државјанин. Спречени се три меѓународни транспорти на дрога, при што беа запленети над 50 килограми марихуана, и околу 100 килограми хашиш. Откриени се и три лаборатории за одгледување на растението канабис и производство на хашиш масло, информира министерот.

Врзано за кражбата на две тони марихуаната во валандовско и истрагата во текот на која до сега се откриени 230 килограми марихуана, а дел од осомичените приведени Спасовски не сакаше да изнесува повеќе детали.

-Истрагата се уште трае и оти кога ќе заврши јавноста ќе биде информирана за сите детали во врска со овој случај, рече тој.

Спасовски најави дека многу скоро ќе биде распишан оглас за најмалку 500 нови полициски службеници.

– Имаме обука што траеше и требаше да биде завршена до крајот на годината, но заради тоа што беше прекината продолжува до март, а од март ќе ни треба нова група на кандидати кои ќе тргнат на обука за полициски службеници, Врз основа на потребите што ги има МВР во наредниот период ќе се распише тој оглас за најмалку 500 нови полициски службеници, информира Спасовски.

Претходна вестПочинале 31 пациент од вирусот, новозаразени се 657 лица – половина се од Скопје
Следна вестКомпанијата „Виваком“ меѓу најбрзорастечките провајдери на сателитски услуги за деловни корисници во светот