„Спејс икс“ лансираше десетици минисателити во орбитата

Во рамките на мисијата „Транспортер 9“, во ниската орбита на Земјата беше лансирана ракетата Фалкон 9 со десетици минисателити, објави „Спејс икс“ на социјалната мрежа „Икс“ (Твитер).

Мисијата „Транспортер 9“ е деветти специјален лет на ракета „Спејс Икс“ во орбитата која носи десетици микро и наносателити за комерцијални и владини клиенти, пренесува новинската агенција „Танјуг“.

„Фалкон 9“ беше лансиран од вселенската база Ванденберг во Калифорнија.

„Транспортер 9“ е 82-та орбитална мисија на „Спејс икс“ оваа година.

Повеќето од мисиите беа посветени на создавањето на „Старлинк“, интернет мегасоѕвездието на „Спејс икс“ со повеќе од 5.000 сателити.

Претходната мисија „Транспортер 8“ беше лансирана во јуни, кога во орбитата беа испуштени 72 минисателити.

Претходна вестБрканица по велешките улици, уапсен дилер
Следна вестСкопје два дена под посебен режим на сообраќај