Според најновиот извештај на Стејт департментот за тероризмот во светот за 2021 година, заканата од терористички напади во земјава е „просечно висока“ или средна. Најголема закана според Извештајот е враќањето на странските борци од Сирија и Ирак. Во Македонија, како и во Србија Косово, Албанија и Грција, во 2021 година не се случиле терористички инциденти.
Враќањето на странските терористички борци во Македонија, а такви активности се забалежани и во Косово, претставува проблем „со оглед на можноста овие лица да реализираат насилни екстремистички ќелии, планови за напад и да радикализираат други лица“.
Според Националниот комисија за борба со насилниот екстремизам и тероризмот, околу 143 граѓани на Македонија (исклучувајќи деца) во изминативе неколку години патувале за Сирија, Ирак или во двете земји да се вклучат во терористички групи. Од нив, 133 лица се мажи, десет се жени, 38 биле убиени, 79 се вратени, петмина се верува дека останале во Сирија и двајца се во затвор во бегалски камп. Додека, пак, 16 лица, 11 мажи и пет жени, се репатрирани, а тројца биле депортирани од други земји.
Заканата од терористички напади Македонија е означена на ниво „просечно висока“ или средна, во време кога членовите на ИД и симпатизери се присутни во земјата.
Во јули 2021 година владата репатрирала четири странски терористички борци и 19 членови на семејствата.
Понатаму, се вели дека правната рамка на Македонија е адекватна за прогон на лица осомничени за извршување или помагање терористички активности, или учество во странски војски. Законот за казнувања поврзан со овие прекршоци останува предизвик, но е подобрен во споредба со претходните години, и затворските казни се општо земено подолги отколку кај останатите земји од Западен Балкан.
Министерствто за правда на САД обезбедило менторство и обука со наоди од терен за обвинителите и истражителите.
Македонија е исто така дел од институциите за борба со финансискиот тероризам, како регионалното тело „Мoneywal“. Донесен е нов закон за запирање на перењето на пари и финансирање на тероризмот за имплемнтацијата на Директива V (2018/843) и хармонизација со законодавството на ЕУ.
Канцеларијата за финансиско разузнавање на Македонија во 2021 година примила пет извештаи од банки поради основано сомнение за финансирање на терористи и во врска со тоа до надлежните служби поднела 11 извештаи.
Македонија исто така е вклучена во борбата со насилниот екстремизам и во 2021 година продолжила со соработка со останатите земји од Западен Балкан за борба со тероризмот и насилниот екстремизам, и учествувала во повеќе проекти поврзани со ова.
Владата имплемнтирала проекти за изградба на капацитети подржани од САД, Велика Британија, Италија, Холандија, Норвешка и други, а овие напори ќе помогнат на Македонија да се подготви за претседавањето со ОБСЕ во 2023 година, се вели во извештајот на Стејт департментот.
Заканите за тероризам во Албанија се состојат од обидите на странски терористички организации да ја радикализираат албанската младина на насилство, како и државно спонзорираните активности на Иран против иранската опозициска група Муџахедин-е Калег чии членови се преселени во Албанија, оценува Стејт департментот.