Србија ги затвори кафеаните и трговските центри за викенд, може ли да очекуваме туристи?

Од утре напладне до понеделник до 6 часот наутро во Србија се воведува викенд-забрана за работа на кафеани и трговски центри и во градовите и во скијачките центри, а ќе бидат отворени само продавниците за храна, аптеките и бензиските пумпи.

Ваквата одлука на Кризниот штаб е поради порастот на новозаразени во земјата на 3 до 4 илјади дневно изминативе недели.

Од понеделник средните училишта ќе се префрлат на онлајн часови, но останатите дејности се враќаат на нормална работа како и претходно.

Претходните денови, главниот епидемиолог Предраг Кон рече дека епидемиолошката состојба во Белград е катастрофална и дека ќе бара затворање на сите кафулиња и ресторани најмалку седум дена, а лекарите од Кризниот штаб побараа дури и полициски час.

Кон призна дека мерките донесени денеска ќе имаат ефект, но не доволно.

Следниот состанок на Кризниот Штаб е во вторник.

Но, прашањето кај нас е, дали ваквите викенд-мерки во Србија може да ги натераат тамошните граѓани да се упатат кон југ, кон нашата земја, имајќи предвид дека за влез меѓу земјите не е потребен ПЦР тест.

 

 

Претходна вестАкадемик Коцарев објасни за накитените лаги и за укинувањето на двете македонски катедри на Филолошкиот факултет
Следна вестПомалите партии не се откажуваат од една изборна единица – поднесоа предлози за законски измени