Српски државјанин излетал од автопатот Неготино-Демир Капија, во близина на „ТЕЦ Неготино“. При несреќата биле повредени 4 лица од кои две потешко.
– На 26.06.2023 во 05.20 часот било пријавено дека на автопатот Неготино-Демир Капија, во близина на ТЕЦ Неготино, патничко возило „рено“ со српски национални ознаки, управувано од Д.Б.(35) од Р.Србија, излетало надвор од коловозот. Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобиле сопатничката Л.Б.(34) и малолетен сопатник од Р.Србија, а со телесни повреди се здобиле возачот и уште еден малолетен сопатник, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, велат од МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Неготино.