Темен режим Режим на светлина

Спасовски: Обвинителството може да отвори истрага за купувањето на „Соравија“

Јавното обвинителство може да отвори истага и да го провери купувањето на ТЦ „Соравија“, изјави денеска Оливер Спасовски, министер за внатрешни рбаоти

Тој денеска одговори на новинарско прашање врзано за Дрин Ахмети, внукот на лидерот на ДУИ, кој за нула евра со добивање кредитна линија од банка од Тирана, доби 39 проценти сопственост врз објектот „Соравија“ во центарот на Скопје.

-Ова се податоци и информации кои што даваат можност да се отвори постапка за проверка, пред се финансиските текови. Јавното обвинителство ќе може да отвори истрага и врз основа на тоа да задолжи надлежни институции за спроведување на законот и да се проверат сите овие факти и аргументи, рече министерот Спасовски.

Спасовски беше запрашан дали ќе има некаква одговорност, на што одговори дека „за се што произлегува, а е спротивно на законските одредби, секако ќе мора да има одговорност“.

-Мораме да бидеме сите еднакви и да нема селективност во делот на спроведувањето на правдата. Во однос на морална одговорност, тоа е работа на премиерот кој што оценува на кој што начин ќе се спроведат ваквите активности, кажа Спасовски во изјава за медиумите.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Меѓународниот хорски фестивал ТЕХО одбележа јубилејни и историски 50 години постоење

Следна објава

Србин со „рено“ излетал од автопатот Неготино - Демир Капија, повредени се повеќе лица