Средба на Пендаровски со германскиот канцелар Шолц во Њујорк

Претседателот на државата Стево Пендаровски, на маргините на 78. Генерално собрание на Обединетите нации, денеска во Њујорк остварил средба со канцеларот на Сојузна Република Германија, Олаф Шолц.

Од Кабинетот на Пендаровски соопштија дека на средбата било разговарано за билатералната соработка меѓу Северна Македонија и Германија, европската перспектива на земјава и актуелните случувања во регионот.

Претседателот Пендаровски на средбата информирал за текот на пристапните преговори на земјава со Европската Унија.

Тој изразил благодарност за досегашната принципиелна поддршка и посветеност од Германија, како еден од нашите најблиски сојузници, и изрази очекување за натамошна силна поддршка од германските власти во процесот на пристапните преговори, посочувајќи дека забрзувањето на интеграциските процеси е во интерес на политичката, безбедносната и економската стабилност на целиот регион.

Претходна вестСкопјанец ги нападнал сопругата и синот, полицијата го приведе
Следна вестУапсен скопјанец од Кисела Вода, поседувал марихуана