Средба на претседателката Сиљановска Давкова со германскиот претседател Штајнмајер

Македонската претседателка Гордана Сиљановска Давкова вчеравечер присуствуваше на приемот, што за учесниците на Конференцијата за обнова на Украина во Берлин го приреди претседателот на Сојузна Република Германија, Франк-Валтер Штајнмајер.

Двајцата претседатели остварија куса средба, на која разменија мислења за пост-изборниот период во земјата и формирањето на новата влада и очекувањата за спроведување на реформите на македонскиот пат кон Европската Унија.

Претходна вестЖителите на Ново Лисиче се жалат на неподнослива смрдеа што доаѓа од Вардариште
Следна вестЈубилејно 10. издание на „Виолин фест“ – симфонија на младоста