Средношколците ќе се возат бесплатно и за време на летниот распуст

Бесплатен јавен градски превоз ќе може да го користат скопските средношколци и во текот на летниот распуст, одлучи денеска Советот на Град Скопје. Средношколците ќе бидат ослободени од плаќањето аради посетување дополнителна настава, часови по практична настава, како и за посета на културни, спортски или други активности

Се проценува дека во текот на овој летен распуст околу 23.000 средношколци ќе може да ја користат оваа погодност.

-Изминатите години бесплатниот билет им важеше само за време на учебната година, а за месеците од летниот распуст можеа да набават месечен билет по повластена цена, од 600 денари за користење на сите линии, за еден месец, односно за јули или август. Со денешната одлука на Советот на Град Скопје ќе можат да се возат бесплатно, велат од Град Скопје

Бесплатниот превоз важи за сите ученици од задолжително средно образование во средните училишта под ингеренции на Град Скопје, како и за оние што учат во државните средни училишта.

Претходна вестПоевтинуваат дизелот, мазутот и бензинот „Eуросупер 98“
Следна вестТакси превозот во Скопје нема да поскапи