Српската полиција заплени над 150 килограми марихуана во камион кој влегол од Македонија

Припадници на српското Министерство за внатрешни работи, Управата на граничната полиција, во соработка со Царинската управа и Полициската управа Врање, во рамки на засилените активности насочени кон сузбивање на секаков вид прекуграничен криминал, запленија 150,8 килограми марихуана и го приведоа З.Ј. (1993). На граничниот премин Прешево, на влез во Србија од Македонија, полицијата по преглед на камионот управуван од пријавениот, во приколката пронашла 12 вреќи марихуана, соопштуваат од српското министерство за внатрешни работи.

На осомничениот му е одредена мерка притвор до 48 часа и со кривична пријава ќе биде изведен во Вишото јавно обвинителство Врање.

Ова е втора поголема заплена на марихуана во саботата, која дојде кратко по акцијата на Граничниот премин Градина во која беа запленети 135 килограми од оваа дрога.

Претходна вестМасовни отпуштања во Германија, без работа останувааат 10.000 работници во градежништвото
Следна вестЗдивените возачи немаат страв – возат и до 302 километри на час во Скопје, многу институции треба да притиснат на сопирачка