ССМ и одговори на Арсовска: Не ширете паника, лага е дека на скопјани ќе им биде исклучена водата од страна на синдикатот

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска да не шири паника, туку да помогне во борбата за остварување на правата на работниците и да ги спречи оние кои ги прекршуваат, порача денеска Сојузот на синдикатите на Македонија. Оваа организација реагира на вчерашниот истап на Арсовска која ги повика надлежните институции да спречат Скопје да остане без вода поради случувањата во „Водовод и канализација“.

ССМ наведува дека градоначалничката вчера зборувала невистини.

-Ако градоначалничката не помогне ќе се потврдат фактите дека работничките права се кршат по нејзин диктат од нејзините шерифи кои за потсетување оставија повеќе од 1000 работници во ЈСП без плата, а сега сака да остави повеќе од 1000 работници во ЈП Водовод и канализација Скопје  без работа доколку не се послушници на нејзиниот в.д Директор. На вчерашната вонредна прес конференција на која Арсовска искажува лага дека на скопјани ќе им биде исклучена водата од страна на синдикатот, се врши ширење на паника, а во едно и клевета и навреда, за да се задскрие незаконското постапување на нејзиниот в.д Директор во Водовод и да се избега од одговорност за незаконското работење, соопшти оваа организација.

ССМ укажува дека за Градоначалничката Арсовска, флагрантното прекршување на законите утврдено од државни органи е само констатирана техничка грешка, што претставува крајно непознавање на прописите и навреда за работниците. Покрај инспекциските служби, неправилности едногласно утврди и Управниот одбор на јавното претпријатие и со што 93 вработени за кои директорот Митовски лично сметал дека се непотребни да работат во претпријатието ќе бидат вработени согласно предходниот оглас за продолжување на нивните договори за вработување до крајот на 2022 година согласно програмата за вработување во претпријатието, а укинати се и незаконските задолженија над 30 вработени во претпријатието, а за што предупредуваше синдикатот.

– Не е јасно каде Арсовска гледа политика во борбата за работнички права, кога сите надлежни служби и институции утврдиле прекршувања на Закон и Колективен договор на штета на работничките права, а само таа утврдила дека има политика во борбата за работничкити права. Претседателот на ССМ, Дарко Димовски како и за секоја  друга информација до јавноста укажа на последиците доколку некоја институција влезе во штрајк, дека тоа ќе значи намалување на услугите кои ги нуди јавното претпријатие, во согласност со законите, па  доколку штрајкуваат вработените на АД „Пошти“ ќе има застој во приемот и испраќањето на поштата, кога штрајкуваа ЈСП немаше кој да ги управува автобусите, доколку штрајкуваат вработените на „Водовод“ нема да има исклучување на вентили, туку доколку дојде до пукање на цевка ќе нема кој да ја поправи, ќе нема кој да се грижи за пумпите за вода, ќе нема кој да ги управува машините и алатите, едноставно ќе нема кој да ја одржува водоводната мрежа, освен доколку тоа не го прават лично Арсовска  и Митовски, соопшти ССМ.

Претходна вестДедовци-соседи се степале во Аеродром
Следна вестНаучија ли нешто денешните фунционери од комитите и партизаните?