Дедовци-соседи се степале во Аеродром

Тепачка меѓу две возрасни лица се случила завчера во скопската општина Аеродром, информира полицијата.

МВР соопшти дека учесници во тепачка се двајца соседи.

– На 23.10.2022 во Полициска станица Аеродром, Р.В.(72) од Скопје пријавил дека околу 09.30 часот во премин на зграда на подрачјето на Аеродром, по претходно недоразбирање, бил физички нападнат од неговиот сосед М.И.(71) од Скопје, информира МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Претходна вестПред отворањето на македонскиот клуб „Никола Вапцаров“ во Бугарија, искршена е неговата биста во Скопје
Следна вестССМ и одговори на Арсовска: Не ширете паника, лага е дека на скопјани ќе им биде исклучена водата од страна на синдикатот