Полициски служебници на подрачјето на Скопје, Делчево, Кочани и Македонски Брод биле нападнати од агресивни лица во инциденти што се случиле во изминатово деноноќие.
MВР денеска соопшти дека прексиноќа околу 23.45 часот во Македонски Брод, полициски службеници од Полициска станица Македонски Брод го лишиле од слобода В.С.(21) од Македонски Брод, затоа што физички нападнал полициски службеници кои вршеле службени дејствија. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Истата вечер, околу 23 часот во Кочани од слобода е лишен А.С.(23) од Кочани, затоа што физички нападнал полициски службеници кои вршеле службени дејствија. И тој бил приведен и задржан во полициска станица.
-Вчера во 12.10 часот на место викано „Компосара“ на магистралниот пат Делчево – Штип, атар на Кочани, полициски службеници го лишиле од слобода Е.А.(29) од Виница, затоа што физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија, се наведува во билтенот.
Во Скопје пак, вчера во 12.20 часот на ул.„Цветан Димов“ во Скопје, полициски службеници сопреле патничко возило „фолксваген голф“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Х.Ш.(22) од с.Студеничани, скопско.
–При преземање мерки против него, Х.Ш. почнал да се однесува агресивно кон полициските службеници. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, информира полицијата.
Агресивен однос кон полицијата е забележан и ноќеска во 03.00 часот на ул.„Благоја Паровиќ“ во Скопје, кога лицето Д.Ф.(31) од Скопје се однесувало агресивно кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија.
–На 07.10.2020 во 16.40 часот на подрачје на Полициската станица Центар, полициски службеници го лишиле од слобода И.С.(34) од Скопје, затоа што физички нападнал полициски службеници кои вршеле службени дејствија. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, наведува МВР.
За жал ове случаи се само едни од низата на претходни агресивности врз полицајци кои се случија деновиве во Македонија.