Старата воздушна база во Албанија од времето на комунизмот треба да стане тактичко-оперативна станица на НАТО кога повторно ќе се отвори во 2023 година, објави „Еуроњуз“.
Албанија се приклучи кон санкциите на ЕУ против Русија и ја осуди агресијата на Кремљ врз Украина.
Во јануари започна надградбата на воздушната база „Кучово“ во Албанија како модерен оперативен центар на НАТО, а Албанија вети 50 милиони евра за воздушната база која се наоѓа на 85 километри јужно од главниот град Тирана.
За време на албанскиот комунистички режим, малиот град Кучово се нарекувал град на Сталин, а базата била изградена во 50-тите користејќи принудна работна од затвореници во времето на лидерот Енвер Хоџа, кој, и покрај тоа што бил комунист, на крајот им се спротивставил на СССР, Кина и Југославија по Втората светска војна.
По падот на комунистичкиот режим во 1990 година, албанската армија располагала со повеќе од 200 авиони, главно различни модели на МиГ, во три воздушни бази. Повеќето од нив сега не се во функција, а старите руски и кинески авиони престанаа да летаат во 2005 година.