За десетина дена ќе може да се увезува пченка, пченица, брашно, масло од Србија

Од Србија ќе може да се увезува пченица, пченка, брашно, масло за јадење. Министерот за земјоделство Љупчо Николовски по денешната средба во Белград објави дека Србија за десетина дена ќе ја тргне забрана за извоз и дека тоа е благодарение на соработката во рамки на „Отворен Балкан“.

На 10 март во Србија стапи на сила забрана за извоз на пченица пченка, нафта и јаглен. Српскиот претседател Александар Вучиќ рече дека ова се прави за да има доволно за домашните потреби и за регионот. Во меѓувреме, на листата на забранети производи за извоз беше додадено и рафинираното сончогледово масло за јадење.

Претходна вестДали грижата за градот се вбројува меѓу важните идентитетски прашања?
Следна вестСтара комунистичка база станува нова станица на НАТО на Балканот