Стартува грејната сезона во Скопје

Скопјаните кои што се приклучени на парното греење утринава имаа топли радијатори. Со тоа, како што беше најавено, стартува годинешнава грејна сезона којашто ќе трае до 15 април идната година. , а цената за потрошената топлинска енергија засега останува иста. Нова одлука за цената ќе се носи откако ќе биде поставен цевководот на мостот Беласица.

Испораката на топлинска енергија ќе се врши од 6-22 часот.

-На почетокот на грејната сезона, кога временските услови се сеуште променливи, доколку има високи надворешни дневни тепмератури, ќе се прекинува испораката на топлинска енергија, а доколку темературите се спуштат под 15 степени испораката ќе продолжи. Така на пример кога надворешните температури во 8.30 часот наутро ќе достигнат температура над 10 степени работата на котлите се прекинува. По направениот прекин на испорака на топлинска енергија кога надворешните дневни температури после 15 часот ќе се под 15 степени се започнува со испорака на топлинска енергија, односно централното греење повторно се вклучува , информира Александра Маројевиќ помошник директор за производство на АД ЕСМ Т

Од РКЕ потенцираат дека снабдувачот е должен во периодот од 06:00 до 22:00 часот да обезбеди температура на греење од 20+1 степени целзиусови.

Првиот човек на регулаторна Марко Бислимовски, уште еднаш повтори дека цената на топлинската енергија останува иста, а нова одлука ќе биде донесена откако цевководот на мостот Беласица ќе биде поставен. Во меѓувреме, ќе се користи алтернативниот вод на железничкиот мост.

-Додека траат активностите за поставување на новите цевки на мостот Беласица ќе се користи алтернативен вод кој има капацитет да врши континуирана испорака на топлинска енегрија до потрошувачите.

РКЕ апелира до сите потрошувачи на регулираниот пазар, односно до институциите и домаќинствата да продолжат со рационално трошење на енергијата исто како во изминатата грејна сезона.

Претходна вестСончево и релативно топло
Следна вестМинистерство за здравство ги одби барањата на Независниот синдикат: Нема можности за нови покачувања