Државниот завод за статистика (ДЗС) од утре на одредени локации ќе постави пунктови на кои граѓаните ќе можат да се попишат.
Тоа е за оние граѓани кои поради некоја причина не успеале во изминатите 20 дена да остварат контакт со попишувачот, односно попишувачот поминал во нивиниот пописен круг, но не ги нашол во моментот дома, оставил или не оставил порака.
Овие локации, за секоја општина во државата, ќе бидат објавени попладнево на веб-страницата https://popis2021.stat.gov.mk/ и за сите подетални информации граѓаните ќе можат да се обратат и на телефоните што се објавени на веб-страницата.
Пописот влегува во последна фаза на терен, кога се привршуваат сите активности што се спроведуваа последните 20 дена, кога попишувачите и нивните реонски инструктори ги посетуват сите пописни кругови, ги проверуват и се обидуваат да откријат дали некој е пропуштен.
Пописот трае до четврток, 30 септември, а попишувачите работат интензивно на терен, од 8 до 20 часот. Некои граѓани ќе бидат опфатени последните три дена од пописот.