Супер е што го разубавуваат паркот во Кисела Вода, ама потоа и да го одржуваат

Паркот до домот на културата во општина Кисела Вода ќе добие нов – поубав лик. Во омиленото сврталиште на жителите од тој дел на општината, минативе неколку денови се работи засилено – се средува целиот простор. Денеска во паркот има дури и багер кој го рамни земјиштето предвидено за трева и цвеќиња.

-Ова е еден од најголемите паркови во нашата општина и супер е што ќе биде подновен. Само бараме потоа да биде и добро одржуван бидејќи има луѓе што немаат култура. Но тоа не треба да го прави само општината туку и самите ние, жителите, ни прокоментира пензионер кој живее во една од околните згради.

Нашиот соговорник воедно искажа надеж дека општинското раководство ќе изнајде начин и време да го потсреди и малото пазарче кое е веднаш спроти паркот од другата страна на улицата, каде вели често има ѓубре и треба почесто да се чисти.

 

Претходна вестХирурзите од ГОБ „8-ми Септември“ излегуваат на протест
Следна вестСтатистика ќе отвори пунктови за граѓаните кои не успеале да се попишат