Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски денеска ја очекува официјалната промоција во дресот на шпанска Валенсија.
Шесткратниот шпански шампион ќе биде новата дестинација на Столе кој изминатава вечер притигна во Валенсија.
Македонскиот голман веќе беше „нападнат“ од шпанските медиуми по пристигнувањето во Валенсија, потенцирајќи го задоволството што ќе биде дел од еден таков клуб со богата традиција.
-Многу сум среќен. Ќе бидам дел од еден голем клуб. Најмногу од се ме импресионираше „Месталја“, истакна Димитриевски по пристигнувањето во Валенсија, веќе освојувајќи ги срцата на навивачите на клубот.