Сторила убиство при семејно насилство: Кавадарчанка осудена на 10 години затвор

Десетгодишна затворска казна денеска и е изречена на 51-годишна канадарчанка Марина Бошкова во Основниот суд Велес. Таа е осудена за убиството на Илија Милошевски 71 год. од Кавадарци, сторено при семејно насилство врз неа. Казната е на долната граница во опсегот до доживотен затвор кој и се закануваше на обвинетата.

Според претседателот на кривичниот совет судијката Габриела Гајдова, која ја образложи пресудата, иако во текот на судењето обвинетата Бошкова негираше вина, нејзиното признание дадено во присуство на бранител, пред обвинител, било одлучувачко за осудителна пресуда.

Убиството се случило на 6-ти септември 2022 година во Кавадарци, во домот на починатиот, при што со нож му се нанесени повеќе од 20 убоди со нож, а потоа телото било пролеано со ракија и запалено. Одбраната незадоволна од пресудата.

Претходна вестПораз на партијата на Шолц во Хесен и Баварија, пораст на десницата
Следна вестВМРО-ДПМНЕ: Власта на ДУИ и СДС го зголеми ДДВ-то и го одра народот до гола кожа