Темен режим Режим на светлина

ВМРО-ДПМНЕ: Власта на ДУИ и СДС го зголеми ДДВ-то и го одра народот до гола кожа

ВМРО-ДПМНЕ започнува внатрепартиски промени во раководството ВМРО-ДПМНЕ започнува внатрепартиски промени во раководството

Власта на ДУИ и СДС го одра народот до гола кожа, го зголеми ДДВ-то за основни прехранбени производи за да може да го полни буџетот, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Со ова според нив нагло ќе се уништи стандардот на граѓаните.

– Владата со зголемувањето на ДДВ за производите кои секојдневно ги купуваат граѓаните, ќе го уништи стандардот уште повеќе. Инфлацијата наместо да се заузда со овој потег на власта таа ќе се зголеми, сиромаштијата ќе се зголеми, а на сметка на тоа буџетот ќе се полни на грбот на народот.

Со поскапувањето на детската храна, цвеклото, наполитанките, сирење, урда, фефероните, кашкавалот, не се поскапуваат никакви луксузни производи како што говореше власта, туку се прави измама преку која ќе се полни буџетот кој после ќе се троши за криминални тендери, или за луксузирање на функционерите од власта. Очигледно дека власта има двојни аршини, за народот сметаат дека урдата и сирењето треба да бидат луксуз, а за себе смета дека е нормално да јадат бифтеци, фстаци и морски плодови. Оваа криминална власт на ДУИ и СДС го одра народот до гола кожа, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

За тоа мора да има одговорност, а казната ќе ги снајде на следните избори.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
И за Велигден во некои домови немало мир, уапсени повеќе лица за семејно насилство

Сторила убиство при семејно насилство: Кавадарчанка осудена на 10 години затвор

Следна објава

Академик Коцарев: Се залагам за Македонија во ЕУ, но без сервилноста што ја покажува Владата