Во најголем дел од земјава сончево со умерена облачност. Наместа облачноста повремено ќе се зголемува, а попладне во западните делови и во планинските подрачја ќе има услови за краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.
Температурата изутринава се движеше од 9 до 14 степени, а дневната ќе биде од 20 до 29 степени.
Во Скопје сончево со умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.
Утринската температура изнесуваше 11, додека преку ден ќе достигне 27 степени.