Блупринт групата дека не треба да се избрзува со постапките за предвремено излегување од работната група за изработка на новиот Кривичен законик, соопшти денеска Министерството за правда. До реакцијата доаѓа откако Блупринт групата на граѓански организации за реформи во правосудството соопшти дека се повлекува од понатамошно учество и давање придонес во процесот на изработка на новиот Кривичен законик.
Од Министерството посочувата дека работната група за изготвување на новиот Кривичен законик е самостојна во своето работење и до сега за ниту една одредба не е вршено влијание кај претседателот или членовите.
-Во однос на ставот на Блупринт сметаме дека не треба да се избрзува со постапките за предвремено излегување од работната група од причина што како што беше напоменато од страна на министерот за правда, Кренар Лога, работната група што го изготвува новиот Кривичен законик не учествувала во тие измени што се донесоа од страна на Собранието. Придонесот од граѓанскиот сектор е многу важен поради знаењето кое го има, долгогодишното искуство и вештините со кои располагаат. Процесот на изготвување на новиот КЗ е целосно инклузивен и транспарентен и токму во таа насока е потребно да продолжи заради спроведување целосни реформи во казненото законодавство. Оваа обврска произлегува исто така и од Билатералниот скрининг со ЕУ за донесување на комплетно нов КЗ усогласен со меѓународните стандард, се наведува во соопштението.
Ова група на граѓански организации смета дека нивното учество е беспредметно во постапка која суштински го озаконува незаконитото, што е дополнително спротивно на нивната мисија за конструктивно, транспарентно и засновано на докази градење на политики. Оттаму велат дека се сведоци на дрска злоупотреба на т.н. европско знаменце, европско право и казнени политики.