Странец дошол кај родителите на сопругата, ја истепал и им се заканувал

Полицијата синоќа во Охрид приведе 40-годишен маж од Турција.

Како што информираат од МВР, мажот имал постојано живеалиште во САД, а тука престојувал во куќата на родителите на неговата сопруга.

-По претходна семејна расправија, тој физички ја нападнал сопругата и со остар предмет им се заканил на сите присутни во куќата, велат од полицијата.

Странскиот државјанин е приведен во полициска станица.

Претходна вестОди па разбери: Студентите на настава комбинирано, основците и средношколците во клупи
Следна вестПолицијата за првпат ќе го обезбедува изборниот материјал и терминалите