Страотна сообраќајка се случила вчеравечер на подрачјето на скопската општина Кисела Вода, на булевар „Србија“.
Од СВР Скопје информираат дека вчера околу 21 часот и 30 минути добиле дојава за сообраќајна незгода.
– На 10.06.2024 околу 21.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Србија“, Х.Б.(20) од Скопје, управувајќи патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и удрил во столб од улично осветлување. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот констатирани во „Комплекс клиники „Мајка Тереза, информираа од полицијата.
На друштвените мрежи се коментираше дека е вистинско чудо како возачот останал жив, бидејќи автомобилот е целосно уништен.