Страотна сообраќајка во Кисела Вода: Возилото преполовено, 20-годишник тешко повреден

Страотна сообраќајка се случила вчеравечер на подрачјето на скопската општина Кисела Вода, на булевар „Србија“.

Од СВР Скопје информираат дека вчера околу 21 часот и 30 минути  добиле дојава за сообраќајна незгода.

– На 10.06.2024 околу 21.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Србија“, Х.Б.(20) од Скопје, управувајќи патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и удрил во столб од улично осветлување. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот констатирани во „Комплекс клиники „Мајка Тереза, информираа од полицијата.

На друштвените мрежи се коментираше дека е вистинско чудо како возачот останал жив, бидејќи автомобилот е целосно уништен.

Претходна вестПотпорниот ѕид кај Детската клиника не издржа, тешко дека ќе издржи и целата улица „Белградска“
Следна вестВладата со препораки до граѓаните и работодавачите: Ослободување од работа на бремените жени и на лицата постари од 60 години, децата во градинките да не се изнесуваат надвор…