Стрелачката Мојсовска со резултат послаб од нејзиниот личен рекорд не се пласира во финале, го зазеде 31. Место на Олимпијадата

Стрелачката Анастасија Мојсовска не се пласираше во финалето на дисциплината воздушна пушка на 10 метри на Олимписките игри во Париз.

Дваесет и двегодишната Мојсовска оствари вкупен резултат од 625,3 поени по шесте серии пукање во квалификациите, со што го зазеде 31. место во конкуренција на 43 натпреварувачки. Овој резултат е послаб од нејзиниот личен рекорд од 628,8 поени. Во шесте серии имаше резултат од 104,5/103,7/104,3/104,4/104,0/104,4 кругови.

-Позади нас оставивме европски и светски прваци како што се Чешка, Велика Британија, САД, Германија, Бразил и други. За влез во финалето беа потребни 631,3 кругови, односно ни фалеа само шест круга, изјави селекторот Тасевски.

Првото место го освои Јужнокорејката Хјоџин Бан со 634,5 поени, што е нов олимписки рекорд во квалификациите.

Претходна вестДенот на Републиката 2 Август ќе се одбележи под слоганот „Борбата трае“
Следна вестПукал со пиштол на семејна веселба во кичевско, ранил малолетничка и уште две лица