Денот на Републиката 2 Август ќе се одбележи под слоганот „Борбата трае“

Во пресрет на одбележувањето на еден од најголемите национални празници во Република Северна Македонија, 2-ри Август – Денот на Републиката, активностите кои ќе се одржат под слоганот „Борбата трае“, соопшти денеска македонската Влада.

Во информацијата се наведува дека централната манифестација, како и секоја година, ќе се одржи на 2-ри Август во Крушево, на месноста Гумење, на Мечкин Камен. На оваа свеченост обраќање ќе има Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски.

-Оваа манифестација претставува значаен момент за сите граѓани на нашата држава каде ќе се оддаде почит на хероите кои ја обележаа нашата историја, соопштува Владата

Претседателот на државата, Гордана Сиљановска Давкова ќе го посети манастирот Свети Прохор Пчињски и ќе има свое обраќање на манифестацијата по овој повод на Пелинце. Нејзиното обраќање ќе биде посветено на историското значење на овој празник и на важноста од зачувување на националниот идентитет и традиции.

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши, пак, ќе положи свежо цвеќе пред споменикот на претседателот на президиумот на АСНОМ, Методија Андонов Ченто на плоштадот „Македонија“ и ќе има свое обраќање на манифестацијата по овој повод која ќе се одржи пред зградата на Собранието. Овој чин ќе биде симбол на почит и сеќавање на нашите предци кои ги поставија темелите на нашата држава.

-Со слоганот „Борбата трае“ сакаме да ја пренесеме пораката дека стремежот за напредок, слобода и благосостојба на нашата држава продолжува, потпирајќи се на историските основи и борбата на нашите предци, наведуваат од Владата.

Претходна вест„Кралот Лир“ на Шекспир во продукција на „Лит мун театарот“ од Санта Барбара вечерва премиерно на „Охридско лето“
Следна вестСтрелачката Мојсовска со резултат послаб од нејзиниот личен рекорд не се пласира во финале, го зазеде 31. Место на Олимпијадата