Максим Димитриевски: Во Македонија постои една МАНУ, никаков паралелизам не е дозволен

151

Во Македонија постои МАНУ како една и единствена Академија, соопшти денеска лидерот на ЗНАМ Максим Димитриевски. Тој реагира на најавите од коалицијата „Вреди“ дека ќе формираат Албанска академија на науките и уметностите.

-Науката не смее да се политизира ниту пак да се етнизира, таа има своја генеза и континуитет. Ваквите обиди и идеи се резултат на постизборен популизам. Во Македонија постои МАНУ како една и единствена Академија која им припаѓа на сите и никаков паралелизам не е дозволен. Партнерите во власта од ВЛЕН е потребно да се свртат кон економски раст и развој на државата, подобар живот на сите граѓани на Македонија и суштинска заложба во сузбивање на криминалот и корупцијата вклучувајќи ја и политичката корупција. За тоа е потребна и понуда на кадри со чисто минато без криминал и опашки, објави Димитриевски на својот профил на Фејсбук.

 

Претходна вестМВР ќе ја проверува работата на Државна лотарија
Следна вестВремето денес сончево и топло со умерена облачност