Струга се враќа со реми од гостувањето во Литванија

Екипата на Струга Трим Лум се враќа со реми без голови (0:0) од гостувањето кај Жалгирис и останува со поволни шанси за пласман во следната квалификациска рунда за пласман во Лигата на шампионите.

Македонскиот првак денеска гостуваше во Вилнус, каде успеа да му парира на литванскиот првак и да го заокружи натпреварот со позитивно реми, кое најавува жестока битка во реваншот.

Избраниците на Шпетим Дуро издржаа во дефанзива, Жалгирис  имаше свои шанси за водство, но и Струга не искористи неколку солидни обиди да стигне и до предност во Литванија.

Реваншот на кој Струга ќе биде домаќин е закажан за 18. јули и ќе се игра во Охрид.

Подобриот од овој двомеч во следната рунда ќе се соочи со турскиот великан Галатасарај.

Претходна вестНасилно се однесувал кон семејството и кон полицијата
Следна вестРаботнички продолжува со капитенот Крсте Велкоски