Струга ТЛ го победи Шкупи и ја зголеми разликата на 4 бодови

Струга Трим Лум го победи Шкупи со 2:1 и сега има четири бода предност на врвот на табелата во Првата фудбалска лига. Три пенали беа досудени на дербито во Струга.

Во 23.минута, Кристијан Наумовски стартуваше над Малески, а Буњамин Шабани беше успешен реализатор. Бесарт Ибраими во 89.минута зголеми на 2:0, исто така од пенал, а возврати и Фреди Алварез, од пенал, во 98.минута.

Академија Пандев славеше со 3:0 против Победа. Ѓорѓиевски во третата минута донесе водство, Велиновски во 70.минута го постигна вториот гол, а Врдољак две минути подоцна го постави конечниот епилог.

Шкендија беше убедлива против Работнички и победи со 3:1 во Тетово. Клисман Цаке во десеттата минута го отвори резултатот, Наско Милев зголеми на 2:0 во 28.минута, а третиот гол го постигна Мујезиновиќ во 82.минута од мечот. За Работнички погоди Анес Рушевиќ во 93.минута.

Брегалница го совлада Силекс во Кратово со 1:2. Ѓорѓи Ѓорѓиев и Давид Калпачки беа стрелци на головите за гостите.

Скопје и Македонија ЃП на „Автокоманда“ одиграа 1:1.

Претходна вестКалин Ивановски триумфира во Франција, Ѓорческа елиминирана во Казахстан
Следна вестДелови од Центар, Сарај и Карпош утре без струја