Струмичанец криумчарел мигранти од Индија и Непал

МВР информира дека рано утринава во 00.50 часот на потегот помеѓу с. Свидовица и с. Куклиш полициски службеници од РЦ за ГР Исток го лишиле од слобода А.Д.(63) од Струмица. Тој бил затекнат со група од 11 лица мигранти (5 од Индија и 6 од Непал), кои ќе бидат пренесени во Прифатно-транзитен центар Гевгелија.

За случајот бил известен Јавен обвинител, а приведениот, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по чл.418-б, бил задржан во полициска станица за понатамошна постапка.

По документирање на случајот против А.Д. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Претходна вестПронајдена жена почината во својот дом
Следна вестЗа осум години 250 илјади албански граѓани ја напуштиле државата, секој ден околу сто