Стружанец нападнат од тројца таксисти на аеродром

Четириесет и седумгодишен стружанец во неделата бил нападнат од тројца таксисти на скопскиот Аеродром. Од полицијата преземаат мерки за расчистување на случајот.

– На 19.11.2023 околу 23.15 часот во СВР Скопје, Д.Е.(47) од с.Радолишта, струшко, пријавил дека во терминална зграда на Меѓународен аеродром Скопје, по претходно недоразбирање, бил физички нападнат од три лица такси возачи, информираат од МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Претходна вестВечерва РК Алкалоид игра со Силкеборг
Следна вестОние кои трошат над илјада киловатчасови по Нова година можно е да плаќаат драстично повеќе